Дома Фудбал ПСЖ може да активира „бомба“ од 150 милиони евра!

ПСЖ може да активира „бомба“ од 150 милиони евра!

Тимот на ПСЖ несомнено е најсилниот во Европа во изминатата година, имајќи предвид дека станува збор за актуелниот европски шампион и финалист на Лигата на шампиони во сегашната сезона. Во наредната година, Светците би можеле да имаат уште помоќен тим.

Како што објави аргентинскиот новинар Гастон Едул, ПСЖ планира да вложи максимални напори за време на летниот преоден рок да го доведе Јулијан Алварез (26) во своите редови.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Алварез, популарен како Малиот пајак, е најдобриот фудбалер на Атлетико оваа сезона, а за негов трансфер, ПСЖ подготвува неверојатни 150 милиони евра. Таа сума би требало да ги убеди Матраците да го продадат.

ПСЖ го посакуваше Алварез уште кога настапуваше за Манчестер Сити, но тогаш не успеа да го ангажира. Сега сакаат да ја искористат втората можност.

Но, предноста на Атлетико е во тоа што договорот на Алварез е валиден уште четири години, па во клубот можат да бидат прилично спокојни, освен ако желбата на Аргентинецот за заминување не промени сè.

Оваа сезона Алварез на 49 натпревари постигна 20 голови и забележа девет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Огромни проблеми пред Светското: Пет репрезентативци имаат проблеми со визите

Помеѓу помалку од месец дена остана до почетокот на Светското првенство во фудбал каде ова…