
Една од најважните одлуки кои Лос Анџелес Лејкерс ќе мора да ја донесат летово е што да направат со Остин Ривс.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Се очекува дека Ривс ќе го напушти постојниот договор и ќе стане слободен играч, а со следниот договор може да заработи значителни средства.
Сепак, по уште едно разочарувачко издание во плеј-офот, голем дел од навивачите на Лејкерсите се отворени за идејата клубот да направи размена со младиот бек во подем.
Особено би сакале да биде дел од размената за суперѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо, за кого наводно веќе се разгледуваат понудите за размена.
Сепак, според дознавањата на „Атлетик“, Лука Дончиќ сака да продолжи да игра заедно со Ривс – дотолку што не сака тој да биде вклучен во евентуална размена за Адетокумбо.