Дома Фудбал Maкедонец нападна грчки судија – доби 17 натпревари суспензија! (Видео)

Maкедонец нападна грчки судија – доби 17 натпревари суспензија! (Видео)

Горан Лозановски можеби не е премногу познато име за македонската спортска јавност, но во Австралија е добро препознатлив, особено по настапите за националниот тим во деведесеттите години. Поранешниот австралиски репрезентативец, кој има девет настапи за селекцијата, денес е тренер на Алтона Меџик, а деновиве се најде во центарот на вниманието поради инцидент со судија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На натпреварот против Авондејл, Лозановски најпрво заработил жолт картон поради приговор кон судиските одлуки, но не се смирил ниту по опомената. Главниот арбитар Јанис Зисис потоа му покажал директен црвен картон, по што тренерот влегол на теренот.

Инцидентот резултираше со жестока казна, па Лозановски доби суспензија од дури 17 натпревари, што предизвика големо внимание во австралиските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повредата на Угарте може да ги промени трансферните планови на Манчестер Јунајтед

Во Манчестер Јунајтед со загриженост очекуваат вести за повредата на Мануел Угарте, откако…