Дома Фудбал Голем скандал: УЕФА жестоко го казни Фенербахче!

Голем скандал: УЕФА жестоко го казни Фенербахче!

Голем финансиски скандал ги потресе турскиот Фенербахче откако УЕФА го казни овој гигант со десет милиони евра поради сериозни нерегуларности и манипулации во финансиското работење на клубот.

Иако оваа казна не е една од најголемите кои УЕФА ги има изречено на европските клубови, случајот предизвика огромно внимание поради начините на кои, според европската фудбалска организација, Фенербахче се обидел да ги заобиколи правилата на финансиската фер игра.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Специјалното одделение на УЕФА, кое го следи финансиското работење на клубовите, детално ја анализираше состојбата во Фенербахче, а посебно интересирање предизвикаа договорите на тренерот Жозе Мурињо и играчите Керем Актуркоглу, Милан Шкриниар и Дијего Карлос.

Посебно контроверзен беше трансферот на турскиот репрезентативец Керем Актуркоглу од Бенфика. Поранешната ѕвезда на Галатасарај минатото лето пристигна во Фенербахче по неговиот гол против турскиот клуб, кој ја одведе Бенфика во Лигата на шампионите и му нанесе на Фенер финансиски загуби од околу 25 милиони евра.

Набрзо потоа, Фенербавче за неговиот трансфер издвои 22,5 милиони евра, а наскоро се појавија информации за сомнителни детали во договорот.

Според независни турски медиуми, договорот што беше доставен до Фудбалскиот сојуз на Турција покажа дека Актуркоглу официјално прима само 1907 турски лири месечно, симболичен износ кој ја укажува годината на основање на клубот и практично соодветствува на минималната плата во турскиот фудбал.

Во меѓувреме, вистинската годишна заработка на играчот наводно била дури 5,2 милиони евра нето.

По ова, УЕФА започна дополнителна истрага и побара комплетна документација за исплатите и маркетинг договорите поврзани со трансферот.

Фенербахче се бранеше со тврдење дека голем дел од парите не биле исплатени од клубот, туку од бизнисменот Хакан Сафти, кој тврдел дека ги финансирал маркетинг правата и менаџерските трошоци на играчот.

“Ќе исплатам вкупно 35 милиони евра во рок од четири години за маркетинг правата на Керем Актуркоглу. Нека ова биде мој подарок за Фенербахче,” изјавил Сафти.

Сепак, УЕФА заклучи дека станува збор за обид за прикривање на вистинските трошоци за да се избегнат даноци и ограничувањата на финансиската фер игра.

Според правилата, вкупната цена за платата на Актуркоглу заедно со даноците би изнесувала околу седум милиони евра годишно, но таков договор никогаш не бил прикажан во службената документација.

Целиот случај дополнително отвори и прашања за политичката позадина, со оглед на тоа што Хакан Сафти со години наназад се поврзува со врвот на турската власт и големите државни работи.

Поранешниот претседател на клубот Али Коќ веќе предупредуваше дека сите договори мора да содржат комплетни податоци за платите, бонусите и маркетиншките права за да се избегнат манипулации и измами.

На крај, целата авантура со Актуркоглу може да го чини Фенербахче повеќе од 60 милиони евра кога ќе се земат во предвид трансферот, платата, казната од УЕФА и финансиските загуби поради пропуштениот пласман во Лигата на шампионите.

Многу турски медиуми овој случај веќе го нарекуваат една од најголемите деловни катастрофи во историјата на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aрбелоа како Перез: Седум титули ни се украдени!

Тренерот на Реал Мадрид ја повтори пораката од Флорентино Перез на прес-конференцијата во …