Дома Фудбал Салах за првпат призна: Со Мане бевме далеку од блиски!

Салах за првпат призна: Со Мане бевме далеку од блиски!

Мохамед Салах и Садио Мане на теренот беа смртоносен тандем, но надвор него не беа воопшто блиски.

Кога Сенегалецот го напушти Ливерпул и реши да замине во Баерн Минхен, се ширеа гласини дека не е во добри односи со Египќанецот, бидејќи имал чувство дека е во негова сенка, иако на теренот имал речиси исто придонес.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Мо Салах даде интервју во кое го прашаа токму за односот со Мане.

“Да, вистина е, имаше тензии помеѓу мене и Мане. Но да ве потсетам дека бевме професионалци до крај и тоа никако не влијаеше врз тимот. Човечки е да сакате секогаш повеќе, тоа го разбирам, тој е голем натпреварувач. Надвор од теренот не бевме воопшто блиски, но секогаш си го почитувавме”, рече Салах.

Потоа тој одговори и на гласините дека тој бил тој што бил себичен во тој тандем.

“Не ми е грижа што мислат луѓето, секој има право на свое мислење, тоа е нивно право. Но само би сакал да им порачам на оние што тоа го мислат дека јас сум играч кој му асистираше на Мане за најмногу голови во тимот (18)”, порача Салах. 

Да потсетиме, Мо Салах и Садио Мане беа соиграчи од летото 2017 до крајот на сезоната 2022/23, а во тој период заедно со Роберто Фирмино постигнаа дури 338 голови. 

Фото: Liverpool FC/X

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гатузо најави заминување, па предложи нов тренер за Хајдук!

Хајдук беше блиску, а сега е далеку од титулата во Хрватска.  Има три бода помалку од Риек…