
Кристијано Роналдо беше гостин кај Пирс Морган. Интервјуто ќе излезе наскоро, објави Морган кој направи разговор од 80 минути со Роналдо во неговиот дом во Саудиска Арабија. Некои делови од интервјуто стигнаа до јавноста, а еден од нив е и разговорот за Лионел Меси.
Морган му ја цитираше на Роналдо изјавата на Вејн Руни кој рече дека не го мрази Роналдо, но дека Меси е подобар играч од него. Роналдо му одговори: „Немам проблем со таа изјава, но не се согласувам, јас сум подобар од Меси. Нема да се обидувам да бидам скромен“. Дополнително, Роналдо рече дека се смета за најдобриот фудбалер на сите времиња. Оваа изјава ја коментираше Роналдо Назарио, славниот бразилски напаѓач:
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„Кристијано Роналдо тврди дека е најдобар во историјата? Некои луѓе имаат многу самодоверба. Јас повеќе сакам другите да зборуваат за мене отколку јас да зборувам за себе. Тој е еден од најдобрите играчи во историјата, но дали е најдобар? Не се согласувам. Но, го почитувам неговото мислење; секако дека е меѓу најдобрите во историјата, и би рекол дека е во првите десет.”