Рубен Аморим не успеа да го крене Манчестер Јунајтед од мртва точка. Сепак, донесе една новост, односно со своите потези ги засили шпекулациите за заминување на Маркус Рашфорд.
Многумина велат дека португалскиот тренер ќе се ослободи од еден од најталентираните фудбалери на младинската школа на клубот. Рубен Аморим не само што го стави Рашфорд на клупата, туку во последно време го нема ни во протоколот, што само ги засили шпекулациите дека тој е прв на списокот на играчи кои бараат клуб во јануари.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Така се појави информација дека поранешниот англиски репрезентативец веќе некое време работи на трансфер. Наводно дури се сретнал и со менаџерската агенција за да преговара за преселба во Саудиска Арабија. Сепак, тој на својот Инстаграм профил напиша дека тоа е лажна вест.
„Минатите недели имаше многу лажни вести. Но, ајде, ова станува смешно. Никогаш не сум се сретнал со ниедна агенција и не планирам да го направам тоа“, напиша Рашфорд.