Дома Трансфер зона Промашувањето на Јувентус се враќа во Премиер лигата?

Промашувањето на Јувентус се враќа во Премиер лигата?

Бразилецот, Даглас Луиз летово дојде во Јувентус како големо засилување вредно 52 милиони евра, но досега не ги исполни очекувањата и не му оди во Серија А.

Од неговото доаѓање, освен што имаше проблеми со повредите, Даглас Луиз само два пати беше стартер, направи два пенали и главно беше меѓу полошо оценетите играчи во тимот на Тијаго Мота.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Бразилецот забележа само девет настапи во сите натпреварувања, а на теренот мина само 312 минути, па јасно е дека минува низ тежок период.

За споредба, Јуве го купи откако минатата сезона експлодираше за Унаи Емери и постигна 10 гола со 10 асистенции во сите натпреварувања, иако играше како бек или централен играч за врска.

Според најавите од Италија тој е подготвен да го напушти Јувентус и да се врати во Премиер лигата. Засега нема информации кој клуб би бил заинтересиран да го доведе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…