Моментот кога англискиот голгетер Маркус Рашфорд ќе го напушти Манчестер Јунајтед сè поблиску е, а работите може да се забрзаат по престојот на неговиот брат Двејн Мејнард во Италија оваа недела.
Според англиските медиуми, братот на Маркус, кој е истовремено и агент на фудбалерот, бил на преговори со Милан за идното ангажирање на голгетерот чиј статус во Јунајтед е веќе подолго време не е најдобар..
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Преселбата во редовите на седумкратниот шампион на Европа сигурно би му пружила шанса на 27-годишниот фудбалер во најдобрите играчки години да ја оживее кариерата, но познатиот новинар Џанлука Ди Марцио пренесува дека Рашфорд може да заврши дури и во Комо!?
И покрај тоа што во воведниот дел од сезоната не ја воодушеви италијанската јавност, новајлијата во Серија А има високи амбиции понатаму, а Рашфорд е означен како главна алка во нивното остварување.
Намерата на малиот клуб од живописното езеро во Ломбардија е да го заигра Рашфорд со Дели Али, поранешниот ас на Тотенхем кој веќе со недели работи на формата во тимот на Сеск Фабрегас.