Дома Фудбал Ливерпул како „проколнат“: Оваа низа на проблеми е неверојатна

Ливерпул како „проколнат“: Оваа низа на проблеми е неверојатна

Ливерпул оваа сезона има огромни проблеми со повредени фудбалери…

Еден по еден, важни играчи доживуваат удари, а најновиот шок беше тешката повреда на Уго Екитике, за кого се утврди дека добил руптура на Ахиловата тетива на десната нога. Според пишувањата на L’Equipe, за ваква повреда е потребно долго време на рехабилитација, па ќе го пропушти и Светското првенство.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Списокот на проблеми продолжува да расти. Александар Исак доби фрактура на коската на потколеницата, Џовани Леони претрпе руптура на предниот вкрстен лигамент на коленото, исто како и Конор Бредли чија сезона е завршена. Покрај Бредли, се работи главно за скапо платени играчи кои Ливерпул летото ги ангажираше.

Како тоа да не е доволно, Ливерпул летово го очекува приклучување на Џереми Жакет, но и тој не доаѓа без проблеми со здравјето. Идниот дефанзивец на „црвените“, кој се договори уште во февруари, претрпе фрактура на левото рамо и му беше потребна операција, а L’Equipe процени дека се потребни околу пет месеци за целосно враќање во форма. Ливерпул уште во февруари потврди дека 20-годишниот Французин ќе им се придружи тек на лето.

Од сите овие проблеми повредата на Екитике делува како најсериозна. Руптурата на Ахиловата тетива е една од најтешките повреди за фудбалерите, бидејќи ги поврзува мускулите на листот со петната коска и е клучна за спринтови, промена на насоки, одраз и експлозивност. Овие повреди често бараат операција и долготрајно закрепнување, а целосното враќање во редовен тренажен процес трае околу девет месеци, па дури и во најдобриот случај.

Сето ова го засилува впечатокот дека Ливерпул оваа сезона има не само проблеми со резултати и кадрови, туку и речиси неверојатна серија на малери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лапорта не издржа: Безсрамници, поднесуваме нова жалба

Повторно избраниот претседател на Барселона Жоан Лапорта исто така остро ги критикуваше су…