
Фудбалерите на Арсенал со сјајна претстава на Емирејтс го совладаа Реал Мадрид со 3:0 на првиот меч од четвртфиналето на Лигата на шампионите. По првото полувреме без голови, избраниците на Микел Артета постигнаа три гола во вториот дел, а особено се истакна Деклан Рајс, кој постигна два гола од директни слободни удари. Конечниот резултат го постави Микел Мерино.
Сите погодоци на натпреварот на Емирејтс беа постигнати во второто полувреме, а главниот збор го имаше Деклан Рајс, кој постигна два гола од слободни удари. Првиот пристигна во 58. минута, кога со брилијантен удар “ја заобиколи” живиот ѕид и ја погоди мрежата, додека вториот, во 70. минута, беше уште поспецијален бидејќи топовскиот удар заврши во горниот агол.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Третиот гол следуваше во 75. минута, кога Мерино прецизно постигна од првиот допир, по асистенција на Мајлс Луис-Скели. Целото внимание беше очекувано насочена кон Рајс, но и Мајлс Луис-Скели одигра незаборавен натпревар. Овој млад талент има само 18 години и се смета за „вундеркид“ на Арсенал.
Сениорското деби го имаше во септември 2024 година, а сега покажа дека возраста не е пречка кога станува збор за квалитетот. Против Реал Мадрид синоќа забележа стопроцентна успешност во дриблингот, додека точноста на неговите пасови беше импресивни 95%.
Освен тоа, освои четири дуели, одигра два клучни паса, асистираше за еден гол, што веќе го спомнавме, и заедно со соиграчите од одбраната на Арсенал, оствари чиста мрежа. Луис-Скели брзо стана незаменлив играч во тимот на Микел Артета, по само неколку настапи од неговото деби во септември.
Наскоро потоа пристигна и повикот за англиската репрезентација, за која дебитираше во март, а веднаш на првиот натпревар против Албанија постигна гол. Овa момче потекнува од Барбадос, но е роден во Лондон и од деветгодишна возраст тренира во Арсенал, додека за Англија настапува уште од У-16 категоријата.
Фото: Arsenal/FB