Дома Бокс Познато по колку заработиле Фјури и Усик од спектаклот во Ријад

Познато по колку заработиле Фјури и Усик од спектаклот во Ријад

Олександр Усик и Тајсон Фјури се соочија по втор пат, а епилогот од борбата во Ријад беше ист како и од нивниот прв меч, одржан на истото место во мај. Разликата е во тоа што тогаш Украинецот победи со поделена одлука на судиите, а сега едногласно.

За првата борба износот наменет за боксерите беше 150 милиони долари (околу 144 милиони евра), а околу 70 проценти од тој износ му припадна на поразениот Фјури. Како што наведува „Индепендент“, за оваа борба се делат околу 191 милион долари (околу 183 милиони евра), и тоа наводно во однос 55-45 за Усик.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Ако тој однос е точен, Усик за победата зеде 100,65 милиони евра, додека Фјури ќе се врати дома од Ријад побогат за 82,35 милиони евра.

Да потсетиме, Усик славеше откако сите три судии го оценија мечот 116:112 за него и така стигна до 23. победа во 23. меч на кариерата. Фјури, по остварени 34 победи и една борба без победник, сега го запиша и вториот пораз во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Бокс

Проверете

Тajсон: Ниту во најдобрите денови не би можел да го победам Али

Мајк Тајсон важеше за еден од најстрашните боксери во историјата на спортот, а многумина г…