Дома Бокс Руските власти му го конфискуваа имотот на Усик

Руските власти му го конфискуваа имотот на Усик

Александар Усик, светски шампион во бокс во тешка и крузер категорија, се најде во центарот на нов геополитички скандал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Руските власти конфискуваа негов имот на Крим, тврдејќи дека финансирал украинската војска.

Владимир Константинов, претседател на кримскиот парламент назначен од Русија, објави на Телеграм дека се додадени имотите на познатиот боксер Усик на списокот на “национализиран” имот, заедно со уште 84 физички и правни лица.

Константинов ова го објасни со следниве зборови:

“Целта е да се идентификува имотот на сите кои можат да ја загрозат безбедноста на Руската Федерација и Крим и да се запре секоја активност насочена против нашата земја”.

Усик годинава ги обедини појасите на сите верзии од тешката категорија, а тоа беше во средната тежина.

Олимпискиот шампион од Лондон 2012 за првпат стана неспорен светски шампион во 2020 година и е единствениот боксер во историјата кој тоа го постигнал во двете најтешки категории во ерата на четирите појаси – WBA, WBC, IBF и WBO.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Бокс

Проверете

Неофицијалната химна на БиХ ги воодушеви и луѓето во Би-Би-Си: Ова е многу заразно!

„Јас сум од Босна, одведи ме во Америка“, звучи насекаде низ светот, а тоа е благодарение …