Дома Фудбал Познато кога ќе биде донесена пресудата за Манчестер Сити

Познато кога ќе биде донесена пресудата за Манчестер Сити

Откако вчера заврши сослушувањето на случајот Манчестер Сити, познат е приближниот датум кога би требало да се открие судбината на овој трофеен фудбалски клуб.

Актуелните шампиони на Англија моментално се соочуваат со 115 обвиненија за наводно прекршување на правилата на Премиер лигата кои вклучуваат финансиски правила и главно се однесуваат на Премиер лигата и се протегаат низ деветгодишен период од 2009 до 2018 година.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Вчера заврши сослушувањето на Манчестер Сити, а одлуката која ќе влијае на англискиот и светскиот фудбал треба да биде позната веќе до крајот на јануари.

Угледниот новинар Мартин Зиглер, кој работи за Тimes, најави дека во јануари ќе биде донесена одлука за судбината на Манчестер Сити.

Сепак, правни експерти сметаат дека секоја жалба ќе се одложи неколку месеци, без разлика како ќе изгледа конечната одлука.

Сослушувањето за 115-те точки на обвинение заврши во петок по три месеци правни расправи во Лондон. Наводно, бројот од оригиналните 115 точки на обвинение се зголеми на 130 за време на судењето.

За што точно е обвинет Манчестер Сити:

=54 точки за недавање точни информации

=14 точки за недавање точни податоци за плаќање на играчи и менаџери

=7 точки за прекршување на правилата за профит и одржливост на Премиер лигата

=5 точки за непочитување на прописите на УЕФА, вклучувајќи финансиски фер-плеј (ФФП)

=35 точки за несоработка со истрагите на Премиер лигата од 2018 година па натаму

Англиските медиуми наведуваат низа потенцијални казни кои ќе бидат изречени на Манчестер Сити доколку се прогласат виновни. Во прв ред се парични казни и одземање бодови, а како краен исход и исфрлање на Манчестер Сити од Премиер лигата, како и одземање на трофеи.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познат терминот за Мундијалот за жени во 2027 година

Бразил во мај ја победи заедничката кандидатура на Германија, Белгија и Холандија за домаќ…