
Поранешниот тренер на Лејкерси, Бајрон Скот, предвидува дека Леброн Џејмс ќе заигра за Кливленд барем уште еднаш.
Иако неговата кариера значајно се ближи кон крајот, Леброн Џејмс би можел да одигра уште барем една сезона по завршувањето на оваа и Скот предвидува дека тоа ќе биде во Кливленд.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
„Мислам дека ова е неговата последна година во Лејкерси и мислам дека веројатно ќе се врати во Кливленд и таму ќе одигра уште една сезона, а потоа ќе добие споменик и сè што ќе направат за него во Кливленд. Ќе именуваат и улици по него“, рече Скот во еден подкаст.
Леброн дебитираше во НБА лигата во 2003 година и тоа токму за Кливленд, а неодамна во декември наполни 42 години.
Од друга страна, многумина се сомневаат дека Леброн би можел да ја заврши кариерата токму во Лејкерси и тоа на крајот на оваа сезона, но да го почекаме и неговото конечно решение.