Дома Фудбал Партизан го врати тренерот кој го отпушти пред три месеци!

Партизан го врати тренерот кој го отпушти пред три месеци!

Срѓан Благојевиќ го презема кормилото на тимот на Партизан повторно.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Само неколку месеци откако беше отпуштен, Благојевиќ се враќа на кормилото на црно-белите, кои ги остави како лидери на табелата во моментот на неговото заминување. Сега ќе го наследи Дамир Чакар.

Според информации од Спорт клуб, сите членови на Управниот одбор биле за неговото повторно назначување, освен Предраг Мијатовиќ, кој беше главната причина за првото отстранување на Благојевиќ.

Да потсетиме, Партизан се одлучи да му се заблагодари на Благојевиќ на 1 ноември минатата година по поразот од Чукарички со резултат 4:1 во првенството. Претходно, беа елиминирани од Купот на Србија од Мачва.

Ненад Стојаковиќ го наследи на позицијата но, беше сменет по поразот во “вечниот дерби” со резултат од 3:0 пред две седмици. Во текот на два натпревари црно-белите ги водеше Дамир Чакар, но по поразите дома од ОФК Белград и Војводина, раководството на Партизан одлучи да го врати Благојевиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

До вчера сите го гледаа во Барселона, а потоа пристигна повик – од Жозе Мурињо!

Бернардо Силва e „златната кокошка“ на летото 2026 година, бидејќи стана слободен играч и …