Дома Кошарка Дончиќ и Леброн го совладаа Голден Стејт Вориорс (Видео)

Дончиќ и Леброн го совладаа Голден Стејт Вориорс (Видео)

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс лесно ги победија Голден Стејт Вориорс гостувајќи со 129:101, во рамките на НБА-лигата.

Словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ доминираше на натпреварот, постигнувајќи 26 поени со шест скокови и осум асистенции.

Лејкерс го диктираа ритамот на натпреварот и го контролираа текот. Веќе по првата четвртина го постигнаа двоцифрено водство +13 (33:20), а до крајот разликата само растеше до конечните +28 (129:101).

Освен Дончиќ, одличен беше и Леброн Џејмс со 22 поени, седум скокови и девет асистенции, а екипата од Лос Анџелес имаше уште тројца кошаркари со двоцифрен број поени – Остин Ривс со 18, Лук Кенард со 16 и Џејк Ларавија со 15 поени.

Голден Стејт Вориорс играа без Стеф Кари, Џими Батлер и Кристапс Порзингис.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Спорот за селекцијата 3х3 прерасна во барање Димевски да замине од МОК

КФМ бара оставка од Даниел Димевски поради спорот околу изборот на репрезентацијата 3х3. Ф…