Дома Останати Кошарка Дончиќ е еден од трагичарите: Имаше отворен шут за три за победа, но го збуни Леброн со својот потег (Видео)

Дончиќ е еден од трагичарите: Имаше отворен шут за три за победа, но го збуни Леброн со својот потег (Видео)

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс доживеаја изненадувачки пораз на свој терен против Орландо Медџик на натпревар кој заврши рано утрото по наше време, а важна улога во сето тоа имаше и словенечкиот суперстар, Лука Дончиќ – 109:110.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Орландо водеше со еден поен разлика, но Лејкерс имаа последниот напад на натпреварот и им беше доволно да постигнат кош за два поени за да слават. Меѓутоа, следеше напад кој многумина ги збуни.

Топката во нападот од стартот беше кај Дончиќ, кој во еден момент имаше и сосема отворен шут за три поени за победа, но не се одлучи да ја упати топката кон кошот.

Наместо тоа, врелиот компир го даде во рацете на Леброн Џејмс, кој се наоѓаше во далеку потешка позиција, па се обиде и самиот да упати шут за три поени, но промаши, па Лејкерс останаа без победа.

Многумина по сето го критикуваа Дончиќ за фактот што не отиде на пробивање и на фрлање, или веќе не упати шут кога беше сосема отворен. Словенецот на крајот ја заврши играта со 22 поени, 15 асистенции и девет скокови, додека во Орландо доминираше Паоло Банкеро со 36 поени, 10 скокови и шест асистенции.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Леброн Џејмс ќе потроши еден куп пари за транспорт – ќе лета со хеликоптер до новиот тим!?

Една од најинтересните теми по преминот на Леброн Џејмс во Филаделфија не е врзана за тере…