Дома Фудбал Погледнете го пеколниот тим со кој Ливерпул ќе ги нападне сите трофеи (Фото)

Погледнете го пеколниот тим со кој Ливерпул ќе ги нападне сите трофеи (Фото)

Иако минатата сезона доминираше и ја освои Премиер лигата, Ливерпул одлучи дека ова лето мора да инвестира многу пари во тимот за да може и понатаму да се бори за трофеите во сите натпреварувања.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Досега веќе потроши рекордни 213 милиони евра, од кои 125 се дадени за Флориан Вирц, еден од најбараните играчи на овој трансфер-рок. За отштети од 46 и 40 милиони евра дојде новиот бековски тандем, Милош Керкез и Жереми Фримпонг.

Но, Ливерпул тука не планира да запре. Приоритет е да донесе нов централен напаѓач, а клубот од Енфилд на сите начини се обидува да го убеди Њукасл и да го натера да го продаде Александер Исак. Ливерпул е подготвен да одвои и до 140 милиони евра за него.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Страшно: Спортски новинар во Италија бил брутално убиен, па запален – деталите се шокантни!

Италијанските новинарски здруженија, заедно со Европската федерација на новинари и Комитет…