Дома Фудбал Од отпишан до МВП признание: Јовиќ стана најдобар играч во Милан

Од отпишан до МВП признание: Јовиќ стана најдобар играч во Милан

Српскиот фудбалер Лука Јовиќ е прогласен за играч на месецот во Милан. Се шпекулираше за заминувањето на Јовиќ од Милан, тој беше „непосакуван и отпишан“, а сега изгледа дека е неопходен за тимот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кога изгледаше дека српскиот напаѓач отпаднал од сите планови на Милан, сега успеа да го привлече вниманието на фудбалската сцена кон себе.

Со головите против Наполи и Фиорентина заработи место во стартната постава, а со два гола во реваншот на полуфиналето на Купот против Интер целосно ја оправда укажаната доверба.

Се чини дека со тоа го обезбеди опстанокот и подобрите денови на Сан Сиро. Додека се чека официјализирање на продолжување на соработката, Јовиќ доби убаво признание. Српскиот напаѓач е на официјалната страница на Милан изгласан за играч на месецот.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар ќе биде ослабен против КуПС!

Вардар утре ќе го одигра реваншот против фински Купс во првото квалификациско коло од Лига…