Дома Македонски спорт Мак баскет Oфицијално: Перо Антиќ ќе се кандидира за претседател на МКФ! (ВИДЕО)

Oфицијално: Перо Антиќ ќе се кандидира за претседател на МКФ! (ВИДЕО)

Подолго време во спортската јавност кружеа гласини дека Перо Антиќ ќе се кандидира за претседател на Македонската кошаркарска федерација, а денес стигна и потврда и тоа лично од Антиќ.

Најавите ги потврди Антиќ кога денес гостуваше во емисијата „Улица Македонија“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Официјално сега за прв пат јавно кажувам дека ќе се пријавам да бидам кандидат за претседател“, гласеше краткиот и јасен одговор на Антиќ со кој ја потврди својата кандидатура.

Антиќ во трката за претседател ќе биде можеби и фаворит затоа што зад него стојат голем дел од соиграчите, како и тренерот од историското четврто место на Европското првенство во Литванија (Гечевски, Докузовски, Чековски...).

Мандатот на актуелниот претседател на МКФ, Петар Наумовски истекува следниот месец и ќе мора да биде свикано собрание. Освен Антиќ во игра за оваа функција е и човекот кој сега е спортски директор, Владмири Темелковски.

Во оваа прилика може и да потсетиме дека Антиќ официјално збогување од кошарката ќе го има наредното лето во натпревар во кој во Скопје гостуваат многу големи имиња на светската и европската кошарка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Македонски репрезентативец МВП во Европкупот!

Ти Џеј Шортс втора година по ред покажува одлични игри на кошаркарските терени, сезонава д…