Дома Фудбал Шок за Мората: Поради необичен проблем може да ја заврши кариерата?!

Шок за Мората: Поради необичен проблем може да ја заврши кариерата?!

Фудбалерот на Атлетико Мадрид и шпански напаѓач, Алваро Мората веќе неколку дена не тренира со својот тим. Проблемот на Мората е необичен, а во медиумите се шпекулира и дека не е исклучен дури и крај на кариерата.

Мората се соочил со неподносливи болки кои биле предизвикани од невралгија. Станува збор за состојба која го зафаќа тригеминалниот нерв, еден од најважните на лицето и болката може да трае од една секунда до 2 минути.

Медиумите пренесуваат дека дури и благо движење може да доведе болки на целата десна страна лицето. Ваквиот проблем најчесто ги погодува луѓето на 50-годишна возраст, меѓутоа се појавува и кај помлади.

Многу веројатно ќе биде потребна операција, а како што се споменува во овој момент не е исклучен ниту крај на кариерата бидејќи е прашање како Мората би се носел на теренот со такви проблеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бредлов се сомнева во свирежите, Галатасарај му порача на Штутгарт: „Довидување“

По поразот од 2:0 во Истанбул, голманот на Штутгарт се запраша дали целата бучава доаѓала …