Манчестер Јунајтед почна преговори со дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, пренесуваат англиските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фримпонг пристигна во Леверкузен од Селтик за 11 милиони евра и има договор со „фармацевтите“ до 2025 година, а се етаблираше во еден од најдобрите бекови во Бундеслигата.
Скаутите на Манчестер Јунајтед ги следат неговите настапи и веќе ја започнаа битката за неговиот потпис.
Фримпонг има откупна клаузула во договорот од 40 милиони евра, сума која „црвените ѓаволи“ се спремни да ја платат, но треба да ја победат конкуренцијата.