Првиот човек на шпанската Примера најави дека веќе од наредната сезона натпревари од шпанското првенство би можеле да се играат во САД.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Не е ова првпат да се појави ваква идеја, меѓутоа претходните обиди поради конфликтите помеѓу американската компанија Релевант и ФИФА пропаднаа. Сепак, во меѓувреме тие биле решени.
„Според мене тоа може да се слуи од сезоната 2025/2026, еден сигурно тоа ќе биде реалност. Натпревари во Соединентите Американски Држави би ја зацврстиле нашата позиција на северноамериканскиот пазар, тој е втор најголем пазар за Примера по Шпанија“, изјави Тебас.
Тебас најави и дека не е само шпанското првенство во прашање.
„Верувам на ваков потег ќе се одлучат и други конкурентни лиги, па затоа не треба да дозволиме да ја престигнат нашата лига“, изјави Тебас.
Изминатите сезони Примера е во пад, а сезонава имаат само еден учесник европските полуфиналиња, Реал Мадрид во ЛШ.