Фудбалерот на Јувентус Федерико Киеза во последниот период се поврзува со заминување од Торино, иако има договор до крајот на идната сезона.
Во последните денови италијанските медиуми шпекулираат дека Рома е сериозно заинтересирана да го доведе и прави такви напори. Италијанецот се поврзуваше и со неколку англиски клубови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Денеска медиумите во Италија пренесуваат дека самиот Киеза би останал во Јувентус, меѓутоа негов проблем е тренерот Масимилијано Алегри.
Наводно, ако Алегри остане на клупата Киеза речиси сигурно ќе си замине во текот на летото. Дресот на Јувентус Киеза го носи од 2020 година кога пристигна од Фиорентина и за „старата дама“ одигра 124 натпревари и постигна 30 гола.
Кога е Алегри во прашање засега не е јасно дали ќе остане, негова смена посакуваат и навивачите.