Дома Останати Кошарка Официјално: Перо Антиќ избран за нов претседател на МКФ

Официјално: Перо Антиќ избран за нов претседател на МКФ

Македонската кошаркарска легенда, Перо Антиќ денеска беше избран за нов претседател на Македонската Кошаркарска Федерација.

Антиќ како единствен кандидат беше избран на Собранието кое денеска се одржи во „Сквер 21“ во Скопје. Инаку, Антиќ беше единствен кандидат откако претходно од трката се откажаа Владимир Темелковски и Петар Наумоски.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Антиќ кој беше предложен од 15 членки, а поддржан речиси од сите ќе биде деветиот претседател на МКФ.

Новиот претседател побара дополнителни 15 дена за формирање на Управниот одбор и Надзорниот одбор.

Во комбинација за негови соработници се споменуваат Тодор Гечевски, Владимир Георгиевски, Ѓорѓи Чековски, Димитар Мираковски, Марин Докузовски…

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Пеп потврди: Манчестер Сити без Халанд во еден од најважните натпревари во сезоната

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола денеска потврди дека Ерлинг Халанд не е подготв…