Со дипломатски скандал беше откажан првиот полуфинален натпревар од Купот на африканските конфедерации помеѓу УСМ Алжир (Алжир) и Беркане (Мароко), кој беше регистриран доцна синоќа со официјален резултат 3:0 за гостите.
Првиот полуфинален натпревар требаше да се игра во недела, но тоа не се случи поради бизарна причина. Имено, алжирската полиција на гостите од Мароко им ги одзеде дресовите и немаа во што да играат, па се беше откажано.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во позадина на овој скандал се политичките тензии на двете земји околу Западна Сахара, а алжирската полиција ги конфискувала дресовите на мароканскиот клуб бидејќи во нив имало карта на Мароко, на која како своја е вклучена целата територија на Западна Сахара.
За алжирската влада таков дизајн бил неприфатлив, па им ги одземале дресовите веднаш штом фудбалерите на Беркане слетале на аеродромот во Алжир.
Дури и управното тело на африканскиот фудбал (CAF) беше толку збунето и не знаеше како да реагира што издаде кратко соопштение за медиумите без да ги објасни причините. Полуфиналните натпревари на континенталното натпреварување не се одиграа, а во вториот натпревар Египетскиот Замалек и Гана Дримс ремизираа без голови во Каиро.