Дома Македонски спорт Мак баскет МКФ со соопштение до јавноста: Обвинувањата се апсурдни

МКФ со соопштение до јавноста: Обвинувањата се апсурдни

mkf

Oд македонската кошаркарска федерација како што наведуваат се крајно разочарани од одлуките и обвинувањата на одредени тренери во првенството.

МКФ во текот на денешниот ден се огласи со соопштение до јавноста во кое наведува дека до сега не добиле ниту една официјална жалба, па поради тоа обвинувањата ги сметаат за крајно апсурдни.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Во продолжение во целост ви го пренесуваме соопштението на МКФ:

Крајно сме разочарани од одлуките на одредени поединци (тренери) и одредени клубови за реакциите во врска со судењето и судиските одлуки во рамки на плејофот од машка сениорска конкуренција. Иако на двапати имавме семинари на кои беше наведено и потенциран кодексот на однесување на тренерите и сите учесници во натпреварите дека најстрого се забранува какво било коментирање околу судењето. Тоа од одредени клубови не беше испочитувано за што комесарот во наредниот билтен ќе излезе со соодветни казни и санкции.

Замислете само колку апсурдно би било кога еден судија или делегат би ги коментирал тренерските грешки, стратегиите и тактиките, во одредени ситуации и кога јавно би коментирал зошто еден тренер испуштил десет поени позитива и го изгубил натпреварот.

Длабоко сме разочарани од ваквите реакции, а особено од прогласувањето на одредени личности за персона нон грата и очекуваме јавно извинување и кон таа личност и кон федерацијата и никако нема да дозволиме ова да помине неказнето ниту пак во иднина да се повтори.

Најтрагично е што во целиот плејоф ниту еден клуб нема поднесено официјална жалба, ниту приговор кон судија или делегат на кој било натпревар за што мислиме дека овие обвинувања се уште поапсурдни и неосновани и се користеа како медиумски притисок за остварување на некошаркарски цели како што впрочем е и пракса со години наназад.

Судењето беше на извонредно ниво и сите судиски одлуки кои беа потенцирани како спорни беа прегледани и ние како судиска комисија сто процентно стоиме зад нив. Сите одлуки се во склоп со кошаркарските правила и препораките од меѓународната кошаркарска федерација ФИБА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…