Дома Топ вести Араухо станува најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот?

Араухо станува најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот?

Eкипата на Барселона наводно е подготвена да го продаде стоперот Роналд Араухо (25), објави каталонскиот „Спорт“.

Каталонските медиуми пренесуваат дека Барселона мора да заработи од трансфери на играчи во летниот преоден рок за да избегне финансиски проблеми и да ги исполни критериумите на финансискиот фер-плеј.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Уругвајскиот дефанзивец е еден од фудбалерите кои имаат најголема пазарна вредност. Раководството на Барселона смета дека од неговиот трансфер би можеле да заработат повеќе од 100 милиони евра.

Доколку навистина го напушти клубот за такви пари, Араухо би станал најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот. „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 70 милиони евра, а неговиот договор со Барса е до летото 2026 година.

Да потсетиме, актуелен рекордер е хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол (22), кој летото 2023 година за 90 милиони евра од РБ Лајпциг се пресели во Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…