Дома Фудбал Италија Oфицијално: Шампионот во Серија А во случај на ист број бодови ќе се решава со мајсторка!

Oфицијално: Шампионот во Серија А во случај на ист број бодови ќе се решава со мајсторка!

Toa што беше најавено во претходните неколку дена денес доби и официјална потврда – шампионот на Италија во иднина може да се решава преку мајсторка.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


На денешниот состанок на Италијанската Фудбалска Асоцијација се потврди одлуката шампионот во случај двете екипи да имаат исто бодови да се решава преку плеј-оф натпревар.

Според досегашните правила во Италија во ситуација на ист број бодови решаваа меѓусебните дуели, но од наредната сезона се воведува мајсторката. Треба да се спомене и дека ако тој натпревар заврши со реми, нема да има продолженија туку веднаш ќе се изведуваат пенали.

За многумина ова ќе донесе поголема возбуда, но има и такви кои ја критикуваат оваа одлука. Во историјата на италијанскиот фудбал шампионот со мајсторка се решавал само еднаш и тоа во далечната 1964 година кога Болоња беше подобра од Интер со 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Артета: Ќе играме како ѕверови дoмa

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека играчите се подготвени да играат како ѕвер…