Дома Тикет на денот Тикет на денот (недела, 02.08.2026)

Тикет на денот (недела, 02.08.2026)

Денес имаме просечна понуда, а веќе тука се и првите рунди од одредени европски лиги. Сега секој нареден викенд ќе биде се побогат. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

О. Љубљана – Алуминиј – 1 @ 1.53 во BC.Game

Тимот на Олимпија Љубљана е едно од поголемите изненадувања, но во негативна смисла. Тие на првите два натпревари запишаа исто толку и порази, па во моментов се единствениот тим со 0 бодови на салдото. На гости им доаѓа Алуминиј, тимот кој нема некои големи амбиции, но „брка“ навремен опстанок и ништо повеќе. Во секој случај, ова е крајно време за домаќините да ги земат првите бодови, а ние одлучивме овде да им дадеме предност и типуваме 1 со квота 1.53 во BC.Game.

Рапид – Алтах – 3+ @ 1.93 во 22Bit

Овие две екипи на овој дуел влегуваат со добро расположение. Тоа се должи благодарение на добрите резултати од претходниот период. Рапид во последно време остава добар впечаток и мора да признаеме дека играат фантастично. Алтах исто така има добри резултати и на последните три дуели остварија исто толку и победи од кои два натпревари беа пријателски, а еден во рамките на купот. Овде ние очекуваме да гледаме интересен натпревар со најмалку три погодоци. Наш предлог е 3+ со квота 1.93 во 22Bit.

Силкеборг – Копенхаген – 2 @ 1.65 во 20Bet

Силкеборг во првото коло не се снајдоа баш најдобро, па на крајот мораше да се задоволат само со 1 бод бидејќи изиграа реми против Рандерс. Мора да нагласиме дека овој тим во сезоната влегува со големи амбиции, но треба да се има на ум дека конкуренцијата е сериозна. Копенхаген во минатото коло имаше негатива во првото полувреме, но на крајот успеа да ги земе трите бода и со тоа докажаа дека се комплетно спремни за новата сезона во Данска. Ние овде очекуваме лесна победа за гостите и типуваме 2 со квота 1.65 во 20Bet.

Легија – Заглебие – 1 @ 1.57 вo 22Bet

Мора да признаеме дека од Легија во минатата сезона очекувавме многу повеќе. За жал тие завршија на 6-то место, а веќе во последните неколку натпревари како да се пробудија, но сепак останаа без пласман во европските купови. За време на паузата изиграа пријателски натпревари и прикажаа солидни игри, а веќе во првото коло од новата сезона зедоа три бода. Заглебие исто така започна со победа, а нашето предвидување е дека овој тим повторно ќе продолжи со променливиот стил на игра. Ние овде очекуваме победа за домаќините и типуваме 1 со квота 1.57 во 22Bet.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО 22Bet: 7.65

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (понеделник, 21.09.2026)

Од денес, па во наредните три дена ќе имаме доста слаба понуда, а тоа ќе биде додека да за…