Дома Македонски спорт Мак ракомет Oд Еурофарм се огласија: Сакаме да го купиме Пелистер за доброто на ракометот во Битола

Oд Еурофарм се огласија: Сакаме да го купиме Пелистер за доброто на ракометот во Битола

Oд Еурофарм денес и официјално се огласија за можноста под нивна сопственост да биде и тимот на Пелистер.

Тие најавија дека сакаат да го купат Пелистер со цел за доброто на ракометот во Битола. Нивниот проект го нарекуваат „Платформа за ракометна Битола“.

„Почитувани

Компанијата Еурофарм и РК Еурофарм Работник во изминатиов период сесрдно се залагаа за реализација на Договорот со Општина Битола за уредување на капиталната и управувачка структура со ракометниот клуб Пелистер.

Нашите залагања и желба за реализација на „Платформата за ракометна Битола“ беа основна цел со која влеговме во преговорите, а сето тоа да биде на задоволство на сите љубители на ракометот во Битола. Нашиот град оваа ракометна сезона е на картата на ракометна Европа каде што нашите клубови заслужуваат свое место и резултати кои ќе се паметат.

Еурофарм и Еурофарм Работник остануваат истрајни во желбата за успешна реализација на овој договор и во очекување на разрешување на сите економски и правни прашања кои во моментов се наметнуваат“, стои во официјалното соопштение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров избра: Ова е тимот со кој одиме против Словачка! (Фото)

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (19 часот) во Прешов го почнува баражот п…