Дома Македонски спорт Мак ракомет Бабиќ пред Требње: Во ова натпреварување нема фаворити

Бабиќ пред Требње: Во ова натпреварување нема фаворити

Eурофарм Пелистер го чека третиот натпревар во Европската лига. Битолскиот тим утревечер гостува кај тимот на Тримо Требње, натпревар во кој ќе ја бара првата победа.

Тренерот Жељко Бабиќ пред натпреварот не сака да го стави својот тим во фаворитска улога.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Верувам дека во ова натпреварување нема фаворити, посебно што многу екипи имаа проблеми со ковид-19. Видовме дека Тримо Требње ја победи Татабања, иако унгарскиот тим беше фаворит. Мислам дека улогата на фаворит не треба ни да се спомнува. Важно ни е што се враќаме во натпреварувачки ритам, ова ни е трет натпревар во низа, имаме интензитет на тренинзите, играчите се поподготвени од пред 10-15 дена и очекувам добра презентација на нашиот тим“, вели Бабиќ пред натпреварот.

„Од мој тренерски агол можам да кажам дека Урош Зорман врши одлична работа. Одличен тренер е и тоа е видливо на секој чекор. Екипата е дисциплинирана, стрвично брза, казнува од транзиција, добро играат еден на еден и со пивотмен. Тимот е одлично селекциониран и добро воден од тренерот Зорман“, додава Бабиќ.

Натпреварот се игра утре со почеток од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар се засили со нов ракометар!

Вардар активно работи на засилувања што ќе можат да одговорат на барањата на стручниот шта…