Дома Фудбал Италија Mилан никако да победи, Емполи им извлече бод на „росонерите“ (ВИДЕО)

Mилан никако да победи, Емполи им извлече бод на „росонерите“ (ВИДЕО)

Вечерва натпреварот од шестото коло во Серија А го одиграа екипите на Емполи и Милан.

Овој натпревар не донесе ништо ново кога во прашање е лошата форма на „росонерите“, после 90 минути игра тимот на Гатузо за кого ова можеби е еден од последните натпревари одигра само 1:1.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Милан стигна до водство уште во 10-тата минута преку автоголот на Капези.

„Росонерите“ долго време имаа предност и пропуштија неколку одлични прилики и да стигнат до поубедливо водство, но не ги искористија.

Казната стигна преку Капуто кога во 71-та минута ја реализираше најстрогата казна.

Резултатот 1:1 се покажа и како конечен, па Милан после пет одиграни натпревари(имаат еден натпревар помалку, оној со Џенова) имаат освоено шест бодови со учинок од три нерешени средби, една победа и еден пораз.

Во следното коло Милан го очекува натпревар на гостински терен кај Сасуоло.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Бомба“: Винисиус Жуниор може да заврши во Премиер лигата, преговорите започнале!

Пред две години, Винициус Жуниор беше несомнено ѕвезда, а според некои мислења и ликовен с…