Дома Фудбал Милан се договори со Сити: Вокер се сели на „Сан Сиро“

Милан се договори со Сити: Вокер се сели на „Сан Сиро“

Италијанскиот фудбалски гигант Милан постигна договор со Манчестер Сити за позајмица на искусниот десен бек Кајл Вокер. Во рамките на договорот е вклучена и опција за траен откуп, иако точните финансиски детали за евентуалниот трансфер засега остануваат непознати.

„Росонерите“ успешно ги завршија долгите преговори со „граѓаните“, што им овозможи да го обезбедат Вокер за тековната сезона. Доколку фудбалерот ги оправда очекувањата, Милан ќе има можност да го откупи неговиот договор и трајно да го задржи на „Сан Сиро“.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Медицинските прегледи за Вокер се закажани за четврток, по што се очекува да му се приклучи на екипата и да биде ставен на располагање на тренерот Сержио Консеисао.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…