Милан е силно заинтересиран за играчот за врска на Барселона, Френки де Јонг.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во Барселона одлучиле да ја повлечат понудата за договор што му беше испратена на Де Јонг – нивната примарна намера сега е да го продадат Холанѓанецот.
Холанѓанецот на лето ќе влезе во последната година од договорот, а Милан е спремен да ја искористи таа ситуација.
„Росонерите“ испратиле понуда вредна 25 милиони евра плус 10 милиони во име на бонуси, но Каталонците во моментов бараат повеќе пари за неговата слобода.