
Килијан Мбапе повторно се најде во центарот на вниманието по интервјуто за L’Equipe, во кое отворено зборуваше за трката за Златната топка, но и за неговите соиграчи од Реал Мадрид.
Францускиот репрезентативец смета дека токму тој е најголемиот фаворит за освојување на најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот.
“Оваа година никој немаше подобра сезона од мене”, порача Мбапе без никаква воздржаност.
Мбапе ја искористи приликата да ги пофали двата млади таленти на кралскиот клуб.
“Арда Гулер може да постигне многу, а Ендрик има огромен потенцијал”, рече Мбапе.