Дома Фудбал Останато Meкрегор изненади: Се кандидираше за претседател на Ирска!

Meкрегор изненади: Се кандидираше за претседател на Ирска!

Ирскиот борец ја објави својата кандидатура за претседател на Ирска со цел, како што вели, да го спречи законот на ЕУ за миграција. Поранешниот УФЦ-шампион е осуден за силување, а сега ветува дека ќе ја спроведува демократијата.

Конор МекГрегор (36) објави кандидатура за претседател на Ирска на неговиот Инстаграм. Поранешниот УФЦ-шампион е познат како екстремен десничар, а кандидатурата ја најави за да спречи Ирска да го прифати законот на Европската унија за миграција.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


“Кој друг би се спротивставил на Владата за да го спроведат тој закон? Сите други кандидати нема да им се спротистават. Јас ќе го сторам тоа”, напиша поранешниот борец на Инстаграм, и додаде:

“Да бидеме јасни, иако јас сум строго против тој закон, како претседател ќе го пуштам законот на референдум. Тоа е демократија и секогаш народот на Ирска ќе може да избира”.

Да потсетиме, МекГрегор е правосилно осуден за силување во еден хотел во Даблин и судот му одреди да исплати неодамна помалку од 250,000 евра отштета на тужителката Никита Ханд. На судењето, ирскиот борец призна дека таа ноќ консумирал кокаин, но не го коментираше инцидентот.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ОФМ ги одложи сите натпревари во деновите на жалост

Одбојкарската федерација на Македонија ги одложува натпреварите од редовните кола предвиде…