Дома Останати Тенис Meдведев: Ви се извинувам што ја расипав забавата

Meдведев: Ви се извинувам што ја расипав забавата

Данил Медведев со голема скромност го прифати пехарот на УС Опен, а испрати големи комплименти за својот противник, Новак Ѓоковиќ.

Рускиот тенисер го победи Ѓоковиќ и го спречи да направи подвиг кој ќе беше испишан во историјата. Новак имаше прилика да ги обедени четирите Грен слем турнири во иста година, што не му успеало на никој претходно.

„Никогаш не сум бил вака нервозен при победнички говор. Сакам да си извинам што ја расипав забавата, сите знаеме за каква историја играше Новак денес. Ова што ќе го кажам сега, го кажувам за првпат – Новак ти си замене најдобриот во историјата“, истакна Медведев.

Освен подвигот со четирите Грен слема, Медведев го спречи Ѓоковиќ да дојде до 21. Грен Слем во кариерата, во овој момент на врвот тој е изедначен со Надал и Федерер со по 20.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Каква е ситуацијата на врвот на АТП листа? Кога Медведев би можел да го скокне Ѓоковиќ?

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ сигурно ќе остане на првото место на АТП-листата барем до 2…