Додека Манчестер Јунајтед се подготвува за вечерашниот натпревар од Премиер лигата против Вулверхемптон пристигна потврда за едно заминување од клубот, односно позајмица.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Факундо Пелистри не се прослави на „Олд Трафорд“ и од почетокот на сезоната запиша само 14 настапи и тоа како резерва. Тој беше една од последните опции во нападот, па промената на средината не е изненадување.
Во минатото Пелистри настапуваше во Ла Лига во тимот на Алавес, а сега ќе го носи дресот на Гранада. Крилниот напаѓач добро ги познава условите во шпанската елита и ќе се обиде да и помогне на Гранада во остварување на целите. На табелата Гранада е претпоследна со 11 освоени бодови.
✍🏼 𝐎𝐟𝐢𝐜𝐢𝐚𝐥: Facundo Pellistri, nuevo jugador del Granada CF.
— Granada CF ❤️⚪️ (@GranadaCF) January 31, 2024
#𝙀𝙩𝙚𝙧𝙣𝙖𝙇𝙪𝙘𝙝𝙖 🇦🇹 | #PellistriNazarí