Дома Македонски спорт Mиовски ги израдува навивачите на Абердин: Играм за еден од најголемите клубови во Шкотска, нема да заминам

Mиовски ги израдува навивачите на Абердин: Играм за еден од најголемите клубови во Шкотска, нема да заминам

Бојан Миовски игра одличен фудбал во Шкотска, а со неговите настапи го привлече вниманието на повеќе клубови и медиумите најавуваа негово заминување уште во јануари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Абердин не сака да се откаже од Миовски, но сепак порача дека би можеле да го продадат за сума од пет милиони фунти.  Миовски стана миленик на фановите за краток период, па сега ги израдува со изјава дека нема намера да си замине.

„Не размислувам за заминување, за мене гордост е што играм во еден од најголемите клубови во Шкотска. Сигурно ќе ја завршам сезоната во Абердим, фокусиран сум на периодот кој следи. Мојот договор е до 2026 година“, изјави Миовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…