Дома Останати Кошарка Лудница во Лос Анџелес: Навивачите чекаат во огромни редици за дрес од Дончиќ (Видео)

Лудница во Лос Анџелес: Навивачите чекаат во огромни редици за дрес од Дончиќ (Видео)

Лука Дончиќ, по доаѓањето во Лос Анџелес Лејкерс, предизвика вистинска еуфорија меѓу приврзаниците на познатиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Словенецот го доби дресот со број 77, а откако беше претставен во новиот тим, започна општа возбуда за неговиот дрес, па така може да се видат огромни редици во продавниците.

Да потсетиме, Дончиќ беше разменет од Далас во Лејкерс, а во спротивниот правец замина Ентони Дејвис.

Треба да се истакне дека дресот на Дончиќ веќе беше меѓу најпродаваните во НБА лигата, така што нема сомнение дека сега ќе достигне уште повисоко ниво.

Словенечкиот кошаркар треба за новиот тим да дебитира во понеделник против Јута Џез.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Димитријевиќ повеќе не е дел од Зенит – клубот ја прекина соработката!

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ повеќе не е дел од Зенит, откако рускиот к…