Дома Фудбал Ливерпул ги планира засилувањата: Слот има две големи желби, но за една ќе се бори со Барселона

Ливерпул ги планира засилувањата: Слот има две големи желби, но за една ќе се бори со Барселона

Иако се шпекулира со недели наназад дека Џереми Фримпонг е првата опција за Ливерпул, во игра е и десниот бек на Монако – Вандерсон.

Медиумите во Бразил тврдат дека Арне Слот е сериозно заинтересиран за нивниот репрезентативец, откако беше потврдено дека Трент Александер-Арнолд заминува во Реал Мадрид.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Веќе долго време, Вандерсон е на мета на Барселона, бидејќи го обожава спортскиот директор Деко, но Каталонците долго време не се во финансиска можност за позицијата десен бек.

Вандерсон е проценет на 30 милиони евра, има 23 години и договор до летото 2028 година. Тој пристигна во Монако од бразилскиот Гремио, во зима 2022 година и ова лето би можел да ја смени средината.

Фото: Liverpool FC/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …