
Легендарната Линдзи Вон минатата сезона се врати на скијањето, одлука што многумина ги изненади, но Вон докажа дека дури и по долгата пауза може да се натпреварува со врвот на светското скијање.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
На 40 години возраст, стигна до подиумот минатата сезона во завршницата во американскиот Сан Вали кога го освои второто место во натпреварот од супер-гигантски слалом.
Веројатно ќе ја следиме легендарната Вон и во новата скијачка сезона 2025/2026, која истовремено е и олимписка сезона.
Американката моментално е на одмор и паузата ја искористи да ужива во уште еден спорт, кој е нејзината втора љубов.
Фото: Принтскрин