Дома Фудбал Чави може да биде „бомбата“ во Премиер лигата!

Чави може да биде „бомбата“ во Премиер лигата!

Челси ја продолжува потрагата по нов стратег, а сега како опција се појави Чави Ернандез.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Англиските медиуми објавуваат дека Челси веќе разгледал неколку опции, но ниту една од нив не била реална. Франческо Фариоли и Сеск Фабрегас беа желби на Челси, но првиот сака да остане во Порто, додека вториот сѐ уште не планира да го напушти Комо, каде што ја започна својата тренерска кариера.

Чаби Алонсо беше исто така опција, а потоа се појави и неговиот поранешен репрезентативен соиграч, Чави Ернандес.

Иако Чави испиша историја со титулата во Ла Лига со Барселона во сезоната 2022/23, по тоа целосно разочара, што доведе до разделба со каталонскиот клуб.

Чави веќе две години е поврзуван, но само споредно со неколку клубови и никогаш не дојде до конкретни преговори. Го повика и Мароко да стане селектор, но тој нема таква амбиција, туку сака да се натпреварува на највисоко клупско ниво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Деко забележан на состанок: Барселона преговара со „ѕвер“ од играч!

Барселона повторно е активна на трансфер пазарот, а најновите информации откриваат итересн…