Дома Фудбал Катастрофални вести за Барселона – никој не очекуваше вакво нешто!

Катастрофални вести за Барселона – никој не очекуваше вакво нешто!

Од Каталонија пристигна информација која го изненади фудбалскиот свет – бразилското крило Рафиња ја разгледува можноста да го напушти клубот Барселона за време на летниот трансфер период, иако има важечки договор до 2028 година.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Иако е близу освојувањето на нова титула во шпанската Примера и има полна поддршка од тренерот Ханси Флик, Бразилецот, според каталонскиот весник „Спорт“, се наоѓа во фаза на сериозно преиспитување на својата иднина.

Во текстот се наведува дека се наоѓа во „фаза на анализа на сопствените мисли“ и дека има „егзистенцијални сомнежи во врска со својата иднина“.

Како што се истакнува, ставот на Рафиња веќе е пренесен и на раководството на клубот, така што неговото останување следната сезона е потполно неизвесено и покрај долгогодишниот договор.

Според информациите од Каталонија, причините не се поврзани со спортските успеси, туку претежно со лични околности. Во клубот, сепак, не сакаат да останат без еден од клучните играчи и се обидуваат да го убедат да ја промени својата одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пеп им вети по Ролекс на играчите на Барнли ако го запрат Арсенал?!

Драмата во трката за шампионската титула во Премиер лигата меѓу Арсенал и Манчестер Сити д…