Дома Фудбал Линдзи Вон се врати во САД на лекување: Сè уште не можам да стојам

Линдзи Вон се врати во САД на лекување: Сè уште не можам да стојам

Американската скијачка Линдзи Вон денес се врати дома во Соединетите Американски Држави, по една недела лекување во болница во Италија, откако ја скрши левата нога на спустот на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.

„Не сум застанала на нозе повеќе од една недела… бев неподвижна во болничкиот кревет од трката. И иако сè уште не можам да стојам, враќањето на домашна земја е неверојатно чувство”,
објави Вон на социјалната мрежа „X“ со емотикони од американско знаме.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Голема благодарност до сите во Италија кои се добро грижеа за мене”, наведе Вон.

Оваа 41-годишна скијачка имаше најмалку три операции поради фрактурата на левата нога во Италија. Претходно беше најавено дека ќе ѝ бидат потребни нови операции во САД.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арбелоа е се поблиску до Премиер лигата

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, е сè поблиску до тоа да биде именуван з…