Дома Фудбал Јунајтед за замената на Касемиро ќе плати 80.000.000, а уште 70.000.000 се за засилувања во средината!

Јунајтед за замената на Касемиро ќе плати 80.000.000, а уште 70.000.000 се за засилувања во средината!

Тимот предводен од Мајкл Керик расте, играчите се подготвени да го остават срцето на терен за тренерот, како што рече Мејну по победата над Ливерпул, и изгледа дека конечно има здрава приказна на “Олд Трафорд”.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Но, во клубот се свесни дека се потребни засилувања, главно во средината.

Поради тоа е подготвен сериозен буџет, заминувањето на Касемиро ќе се надомести со играч кој вреди над 80.000.000 фунти, како што наведува „Дејли Мејл“. Елиот Андерсон е првата цел, но Манчестер Сити е во подобра позиција во овој момент, следат Балеба од Брајтон, Вартон од Палас, а тука се и Тонали од Њукасл и Чуамени од Реал Мадрид.

Во главно, некој од нив би можел по сериозна цена да дојде во Манчестер Јунајтед.

Сепак, тој играч од средината нема да биде единственото засилување. Клубот сака да го продаде Мануел Угарте, а ќе се бара и негова замена, ќе се обидат да остварат околу 40 милиони и сето тоа ќе го вложат во нов играч, најверојатно од двајцата фудбалери на Борнмут, Алекс Скот или Тајлер Адамс, а Матеус Фернандес од Вест Хем е исто така интересен.

Се бара уште еден играч за ротација, вложувањата би биле меѓу 20-30 милиони евра, а прв кој се спомнува е Шеј Чарлс од Саутемптон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гибс-Вајт го покажа повреденото лице – дали ќе биде подготвен за Астон Вила? (ФОТО)

Фудбалерот Морган Гибс-Вајт ги откри размерите на сериозната повреда на главата што ја доб…