
Скопје се подготвува да ги пречека најдобрите светски пинг понг рекети, по втор пат во историјата на македонскиот пинг понг. Од 1-ви до 7-ми Јуни во салата Јане Сандански во Скопје ќе се одржи така наречениот Контендер (Contender) пинг понг натпревар од серијата World Table Tennis.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
На помалку од месец дена до почетокот Словенецот Дарко Јоргиќ кој е рангиран 14-ти во Светот и Сацуки Одо од Јапонија, рангирана на 12-то место, се пријавени да ги одмерат силите во Скопје, меѓу другите.
Во 2025-та за прв пат се одржа натпревар од ваков тип во Скопје, а одржувањето на 2 последователни зборува за сериозниот пристап на македонската пинг понг федерација. Претходно, 4 пати по ред Федерацијата организираше светски „Контендери“ во помалите категории.
Влезот за следење на натпреварите ќе биде слободен, а истите започнуваат во утрнските часови и ќе траат се до вечерните Во 2025 година титулата во машка конкуренција ја освои Бенедикт Дуда од Германија, додека кај жените Џиа Нан Јуан од Франција.
