Дома Останати Тенис Неочекуван инцидент на теренот: Тенисер го навредуваше судијата и кршеше сè пред себе (ВИДЕО)

Неочекуван инцидент на теренот: Тенисер го навредуваше судијата и кршеше сè пред себе (ВИДЕО)

Американскиот тенисер Тристан Бојер направи сериозен инцидент на челинџерот во Италија, каде што по испадот кон судијата беше исфрлен од теренот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сѐ се случи во завршницата на мечот против Данијеле Рапањета, кога Бојер ја загуби контролата по изгубениот сервис и почна да беснее.

Прво следеше вербален напад на арбитерот, со тешки навреди, а потоа и комплетен хаос – Американецот почна да крши рекет и да удира по судиската столица.

Судијата реагираше со опомена, но тоа само го разлути Бојера и тој не престануваше со испадите.

Поради однесувањето, беше казнет со одземање на гем, што автоматски значеше крај на мечот и дисквалификација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа: Со настапот на Вимблдон си го остварив сонот!

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа за првпат настапи на главниот турнир на Вимблдон и ка…